Elena Teslova
06 Април 2024•Ажурирај: 07 Април 2024
МОСКВА (АА) - Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руските сили синоќа извршиле напад врз објекти на украинската воена индустрија, известува Анадолу.
„Во нападот се погодени претпријатието кое се занимава со производство и поправка на оклопна и автомобилска опрема, дронови, како и воени аеродроми и привремени пунктови за странски платеници“, се вели во соопштение на руското Министерство за одбрана.
„Погодени се сите таргетирани цели“, се вели во соопштението.
Според руското министерство, погоден е одреден број воена опрама од американско производство, вклучувајќи и радарска станица N/TPQ-50, самоодната хаубица Паладин и хаубица М777.
Медиумите претходно тврдеа дека Русија ја нападнала украинската воздухопловна база Старокостјантинив во регионот Хмелницки, подготвена за сместување на американските борбени авиони Ф-16 што неколку западни земји ветија дека ќе и ги испорачаат на Украина.