Burç Eruygur
14 Октомври 2024•Ажурирај: 15 Октомври 2024
МОСКВА (АА) - Русија денес потврди дека презела контрола врз село во југоисточниот украински регион Запорожје, известува Анадолу.
Во соопштението за медиуми на Министерството за одбрана на Русија се наведува дека нивните сили го зазеле селото Левадна, на околу 110 километри источно од Запорожје.
Претходно селото повторно беше преземено од украинските сили за време на контраофанзивата на Киев во јуни минатата година откако Русија го зазеде во раните фази на руско-украинската војна.
Украинските власти сè уште не ги коментираа овие тврдења, а независна проверка на фактите на терен е тешка поради тековната војна.