Elena Teslova
10 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го напуштија Авганистан за да се фокусираат на обуката на украинската Армија за офанзива врз Русија, изјави денес шефот на руската безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за рускиот дневен весник „АиФ“, Николај Патрушев, секретар на Националниот совет за безбедност, рече дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен го потврдил тоа кога рекол дека доколку американската војска не го напуштела Авганистан, Вашингтон не би бил во можност да одвои толку многу пари за Украина.
„Ненадејното заминување на Американците од оваа земја [Авганистан], во голема мера, како што се покажа, се должи на фокусирањето на Украина, каде, според нивните проценки, добро се одвивала подготовката на марионетскиот режим на Киев за антируска офанзива.“
„Тоа го потврди и американскиот државен секретар Блинкен, кој рече дека доколку американската војска не го напуштела Авганистан, Вашингтон не би бил во можност да одвои толку пари за Украина. Покрај тоа, дел од опремата од авганистанското тло беше пренесена во Европа, главно во Полска, дозволувајќи им на Европејците да го милитаризираат режимот во Киев“, тврди тој.
Патрушев додаде дека актуелните настани во Украина „не се судир меѓу Москва и Киев, туку воена конфронтација меѓу НАТО, а пред сè САД и Велика Британија, со Русија.
Тој истакна дека ситуацијата во светот главно е екстремно комплицирана и турбулентна бидејќи многу земји од различни региони истовремено се вклучени во воено-политичка, економска, социјална и духовна криза.
„Да се надеваме дека годинава ќе има позитивни промени“, рече Патрушев.