Gülşen Çağatay
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Според заменик претседателот на Европската Комисија, Русија, Европската Унија и Украина договориле средба за да дискутираат за испорачување на природен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Марош Шевчовиќ на состанокот во Москва изјави дека трилатералниот состанок ќе се одржи во Брисел наредниот месец.
Покрај тоа, тој исто така потврди дека договорот за кредит од 500 милиони долари од Светската Банка за Украина е во завршна фаза за поддршка на земјата за нејзините енргетски потреби.
На прес-конференцијата, по состанокот во Москва, рускиот министер за енергија, Александар Новак, изјави дека слдниот круг на трилатералните преговори помеѓу Русија, ЕУ и Украина, ќе се фокусира на испорачување на природен гас и имплементирање на нови договори за есенската и зимската сезона.
Новак додаде дека веќе дискутирале за проектите Северен тек 2 и „ТуркСтрим", нивната сегашна форма и правецот кој треба да го заземат.
Во меѓувреме, доцна синоќа, Европската комисија и Министерството за енергија ја Украина потпишаа Меморандум за разбирање (MoU) со цел зајакнување на енергетската соработка помеѓу двете страни.
Новиот договор ќе ја прошири соработката во сите области, енергетска ефикасност и обновлива енергија, како и целта да се создаде повеќе позитивност кај инвеститорите.