Kasım İleri
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Разузнавaчките информации споделени од САД наводно ѝ помогнале на Украина да го потопи рускиот крстосувач „Москва“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Додека трае куриозитет како крстосувач „Москва“, рускиот предводник во Црното Море, беше потопен од Украина, од САД се појави ново тврдење за потонувањето на бродот.
Во веста што ја објави каналот „Ен-би-си“ (NBC) базирана на американски официјални лица, се тврди дека разузнавачките информации споделени од американското разузнавање ѝ помогнале на Украинската армија да го потопи рускиот крстосувач „Москва“.
Во веста се наведува дека нападот се случил откако украинските сили побарале информации од Американците за еден брод што плови во Црното Море јужно од Одеса. Се тврди дека американските разузнавачи идентификувале дека се работи за бродот „Москва“ и помогнале да се потврди неговата локација. Потоа Украинците го нападнале бродот.
Од друга страна, се тврди дека САД претходно не знаеле дека Украина ќе го нападне бродот „Москва“ и дека не се мешале во нивната одлука за напад.
Се наведува дека САД исто така ги детектираат нападите од руски бродови и информациите ги споделуваат со Украина.
Американското Министерство за одбрана (Пентагон) се воздржува од коментари за бродот „Москва“, иако потврди дека американското разузнавање споделува информации во реално време со Украина.
Крстосувачот „Москва“ со наведувани проектили и со екипаж од 510 луѓе, беше предводник на руската Црноморска флота и најголемиот руски воен брод потонат во борба од Втората светска војна.
Соединетите Американски Држави соопштија дека бродот потонал на 14 април откако бил погоден од две противбродски ракети „Нептун“.