Elena Teslova
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е преместен во високобезбеден затвор во руската област Владимир, соопшти локалната организација за човекови права, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Навални беше осуден од рускиот суд за „криминална организација“ заедно со неговите придружници Леонид Волков и Роман Рубанов.
Според истражителите, Навални потрошил пари на „екстремизам“ и негови лични потреби, обвинение што Навални го отфрла.
Севкупно, Навални наводно украл над 2,6 милиони рубли (околу 22.000 долари) од четири лица, кои подоцна поднеле тужба против Навални и други.
Навални, наводно, ја навредил и обвинителката Екатерина Фролова, која на судењето го поддржала обвинението против него за клеветење на ветеран од Втората светска војна и неговиот внук.
Навални беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето од Германија, каде што беше лекуван во болница поради труење со нервен агенс, за што тој и западните земји го обвинија Кремљ.
Од друга страна, Кремљ ги негира обвиненијата.