Ömer Faruk Yıldız
15 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Повторно е воспоставен авиосообраќајот кој поради технички проблеми привремено беше прекинат на аеродромите во градовите Женева и Цирих во Швајцарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинар на АА дознава дека на аеродромот во Женева летовите повторно почнале во 9:30 часот.
На твитер-профилот на аеродромот во Цирих соопштено е дека авиосообраќајот до 9:30 часот се одвивал со капацитет од 50 отсто, а од 9:30 часот со 75 отсто.
Патниците кои ги користеа овие аеродроми се советувани да ги контактираат авиокомпаниите за да добијат детални информации за летовите.