Diyar Güldoğan
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Руското министерство за одбрана денес соопшти дека руските сили лансирале крстосувачки проектили од источниот дел на Средоземното Море кон позиции на ДЕАШ во сириската централно-западна покраина Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Од министерството се соопштува дека шест крстосувачки проектили „калибар“ биле истрелани од фрегатата „Адмирал Есен“, „Адмирал Григорович“ и од руската подморница „Краснодар“, уништувајќи ги командните позиции и депоата за муниција на ДЕАШ во градот Акербат.
Турските и израелските војници беа однапред информирани, се додава во соопштението.
Кон крајот на мај, руската морнарица лансираше четири крстосувачки проектили „калибaр“ против терористичката организација ДЕАШ во историскиот град Палмира.
Крстосувачките проектили од морето имаат можност за високопрецизен дострел на растојание од 1.500 километри (932 милји) против морски и копнени цели.