Betül Yürük
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ЊУЈОРК
Џо Бајден кој победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), во врска со упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот, упати апел за ставање крај на нападите против американската демократија и владеењето на правото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден реагираше во врска со немирите кои започнаа во Вашингтон откако настана прекин на седницата на Конгресот поради упадот на приврзаниците на Трамп.
Тој упати апел за ставање крај на невидливите напади против американската демократија и владеењето на правото.
„Го повикувам претседателот Трамп да излезе на телевизија да го одржи дадениот збор, да го штити Уставот и да побара да се стави крај на оваа опсада“, додаде Бајден.