Hakan Çopur
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - САД донесе одлука во Сирија да прати додатни 250 специјалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на Пентагон, Питер Кук, вчера на дневниот брифинг потврди дека во рамките на борбата против ДАЕШ, САД во Сирија праќа додатни 250 специјалци.
„Новите припадници заминуваат таму по досегашните успеси кои ги постигна единицата од 50 специјалци кои веќе се во Сирија. Новите единици ќе продолжат со напорите кои досега се постигнати", изјави Кук.
Американскиот претседател Барак Обама вчера потврди испраќање на додатни воени единици во Сирија.
Планирано е додатните американски специјалци да пружат помош на локалните сириски борци во војната против ДАЕШ.
Во групата од 250 припадници, освен специјалните единици, се наоѓаат и единиците за логистичка и лекарска помош.
Инаку, со ова зајакнување, бројот на американски војници во Сирија ќе се зголеми на околу 300.