Islam Doğru
14 Мај 2023•Ажурирај: 15 Мај 2023
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во торнадо во американската сојузна држава Тексас, јавува Анадолу.
Според локални извори, торнадото што вчера го погоди регионот на долината Рио Гранде во државата предизвикало човечки загуби и материјална штета.
Од Полициската управа на Порт Изабел наведено е дека едно лице загинало, а 11 се повредени, од кои две биле во тешка здравствена состојба.
Националната метеоролошка служба наведе дека торнадото, кое го погоди регионот со брзина од приближно 177 километри на час, нанело штета на домовите и уништило столбови за струја.
Локалните власти, прогласувајќи „катастрофа“ во регионот, предупредија дека и денеска постои можност за нови торнада со пороен дожд и силен ветер.