Bilgin S. Şaşmaz
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго, кој е познат по високата стапка на криминал, на секои 2, 3 часа некој е жртва на оружен напад, а на секои 14 часа некој загинува, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај сите мерки што безбедносните сили ги преземаат во тој град, нападите во градот се над просекот на државата.
На интернет-страницата „heyjackass.com“, која ги објави статистичките податоци за стапката на криминалот во Чикаго, наведено е дека од почетокот на годинава, 1.440 лица биле жртви на напад.
Во тие напади се убиени 252 лица, а 1.190 се ранети. Меѓу убиените, 229 се мажи, а 23 се жени.
Во судирите во коишто учествуваа и припадниците на безбедносните сили, убиени се шест лица, а исто толку се ранети.
Минатата година, во Чикаго, 4.379 лица биле жртва на оружен напад. Од нив, 717 се убиени, а 3.662 се ранети.