Hakan Çopur
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Во оружен напад во ноќен клуб, во сојузната американска држава Охајо, ранети се девет лица, од кои две потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалната полиција соопшти дека до оружениот напад дошло во градот Колумбус.
Постои можност во нападот да учествувале повеќе напаѓачи. Сѐ уште не се познати мотивите за нападот. Истрагата е во тек.