Michael Hernandez
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Хилари Клинтон и Берни Сандерс, кандидатите за американски претседател од редот на демократите, остварија значајни резултати на внатрепартиските избори одржани вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Клинтон, со вчерашната убедлива победа во Кентаки, е за половина процент пред Сандерс, кој однесе поголем број од гласовите во Орегон.
Американската изборна комисија потврди дека Клинтон добила 46,7 отсто, а Сандерс 46,3 од вкупно 99,2 отсто од пребројаните гласови, со разлика малку помала од 2.000 гласови.
Клинтон се огласи на Твитер профилот со пораката „Тукушто го освоивме Кентаки! Ви благодарам на сите, сите сме многу силни кога сме обединети”.
Сандерс, обраќајки им се на поддржувачите во Лос Ангелес, потврди дека останува во изборната трка до крај.
„Пред да добиеме можност да го победиме Доналд Трамп, ќе мора да ја победиме Хилари Клинтон” , изјави Сандерс.
Во заедничката трка на демократските кандидати, републиканскиот кандидат Доналд Трамп ги победи своите ривали во партиската трка во Орегон.