Hakan Çopur
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Експертите сметаат дека терористичката организација ДАЕШ има дури и корист од руските воздушни напади во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Откако во последно време руските напади на опозициските сили привлекоа големо внимание на меѓународната заедница, новинарот на АА разговараше со високо официјално лице на Пентагон чие име од безбедносни причини нема да биде откриено.
На прашањето дали мисли дека руските напади врз опозиционите сили им користат на ДАЕШ рече дека сигурно е така.
„Ги гледаме доказите за тоа. Ќе ви дадам специфичен пример. Тоа го видовме во подрачјето Ал-Мара во Сирија. Кога Русија започна со воздушните напади во близина на Алепо, населението на тоа подрачје, кое се бореше против ДАЕШ, мораше да ги напушти своите домови за да се бори против сириските и иранските безбедносни сили. После тоа ДАЕШ го зазема тоа подрачје“, рече тој.
Тој рече дека руските воздушни напади помагаат во јакнењето на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад. Тој смета дека јакнењето на овој режим е спротивна ситуација од борбата против ДАЕШ, бидејќи, според него, причината за создавањето на оваа терористичка организација е токму јакнењето на режимот.
Тој додава дека САД се бори само против ДАЕШ.
„САД е во војна само и само со ДАЕШ“, рече и додаде дека тоа е единствената цел на САД.
Експертот за историјата на Блискиот Исток на Универзитетот Шавни во сојузната американска држава Охајо, Амр Азам, рече дека најголема корист од руските напади има токму ДАЕШ.