Nazlı Yüzbaşıoğlu
30 ноември 2015•Ажурирај: 01 декември 2015
АНКАРА (АА) - Телото на загинатиот руски пилот кој животот го загуби откако неговиот авион го наруши турскиот воздушен простор, од Анкара превезено е во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Телото на загинатиот пилот во собота е донесено од соседна Сирија во мртовница во Хатај. Телото вчера е превезено на аеродром и со карго авион на Вооружените сили на Република Турција отпремено е за Анкара, каде го преземаа турските воени функционери како и функционерите на амбасадата на Русија во Анкара.
По преземањето на телото на рускиот пилот од Сирија, во сабота во болницата во Хатај приреден е и верски обред кој го предводеше верскиот челник на православната црква во Антакија, Фади Хуригли.
Во вторник, 24 ноември наутро, два авиона од типот Ф-16 на турските воздушни сили за време на патролна контрола во склад со правилникот за ангажирање во рок од пет минути десет пати го предупредија рускиот авион СУ-24 дека го нарушува турскиот воздушен простор, а потоа интервенираа.
Русија соопшти дека соборениот авион кој падна на сирискиот пораничен регион Бајирбуџак, недалеку од турскиот Хатај им припаѓаше на турските воздушни сили.
НАТО потоа ја потврди точноста на турските наводи дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор.
Руските авиони и во текот на октомври го нарушија турскиот воздушен простор. Руските функционери тогаш упатија извинување и ветија дека тоа нема да се повтори. Турција тогаш го повтори ставот дека во скад со правилникот за ангажирање на воздушните сили, воено ќе одговори на повредата на нејзиниот воздушен простор.