Mustafa Keleş
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во неколку сојузни американски држави вчера се одржаа митинзи на поддржувачите на политиката на американскиот претседател, Доналд Трамп, а полицијата интервенираше во неколку случаи, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на политиката на претседателот Трамп синоќа во 30 сојузни американски држави одржаа мирна прошетка симболично наречена „Марш 4 (за) Трамп“.
Собирите во повеќето градови, како што се Вашингтон, Њујорк и во Флорида поминаа без инциденти, но во калифорнискиот град Беркли дојде со судир меѓу поддржувачите на Трамп и неговите критичари.
Полицијата приведе најмалку пет лица, а во болница се префрлени повеќе повредени лица.
И во Минесота, група од 50 лица нападна група од 300 поддржувачи на политиката на Трамп. И во овој случај, полицијата интервенираше и прведе шест лица.
Синоќешните собири за поддршка на американскиот претседател Трамп се значително помалку посетени од собирите кои изминативе недели ги одржуваа противниците на неговата политика.