Ekipa
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
СОЛТ ЛЕЈК СИТИ (АА) - Едно лице е убиено во пукотница која се случи синоќа, по локално време, во близина на кампусот на Универзитетот во Јута, во градот Солт Лејк Сити, соопшти американската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавуваат дека околу 21 часот, од универзитетот ги предупредиле студентите и вработените да останат на безбедно место. Луѓето во кампусот останале заклучени со часови.
Полицијата во Солт Лејк Сити, главниот и најголем град на американската сојузна држава Јута, започна истрага за 24-годишниот Остин Ботани, осомничен за пукотниците. Се смета дека осомничениот е вооружен и опасен.
На метото на настанот пристигнале осум агенции за спроведување на законот, меѓу кои и Федералното истражно биро (ФБИ). Во потрагата е вклучен и хеликоптер.
Сѐ уште не се познати детали за идентитетот на жртвата.