Umur Koçak Semiz
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) раздвоени се сијамски близначки кои беа споени со главите, со операција која траеше 11 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Д-р Џеси Тејлор, хирург на детската болница во градот Филаделфија, истакна дека операцијата на 10-месечните сестри Ерин и Аби Дилејни е успешна и дека децата се наоѓаат на интензивна нега.
„Раздвојувањето на сијамски близнаци е еден мошне комплициран хируршки процес, а и процесот на заздравување по операцијата е исто така долг. Операцијата на сестрите Дилејни беше исклучително успешна“, изјави Тејлор.
Во јули минатата година, во сојузната држава Северна Каролина, предвремено се родени сестрите Ерин и Аби, кои бea со споени глави. Во однос на близнаците со споени гради или стомаци, случаите на сијамски близнаци со споени глави се поретки.
Операцијата на сестрите Дилејни се 23. случај на раздвојување на сијамски близнаци во последните 60 години во детската болница во Филаделфија, а станува збор за прва операција за раздвојување близнаци со споени глави.