Ekipa
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - САД ја прошируваат воената воздухопловна база „Харир“ во подрачјето на Ербил, во Ирак, база што започнаа да ја користат при уривањето на режимот Баас, а подоцна и во операциите против ДЕАШ. Администрацијата на Вашингтон информира дека оваа воздухопловна база ја користи и за испорака на муниција на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
САД продолжуваат со работите околу проширување и доведување во активна состојба на воената воздухопловна база, која се наоѓа на 65 километри од центарот на Ербил.
Според податоците добиени од селското население што живее во околината на градовите Харир и Басирма, репортерот на АА информира дека околу базата што САД од 2015 година наваму ја користат за потребите на борбата против ДЕАШ, поставена е бодликава жица на стотици декари земја, со цел проширување на базата.

Населението од регионот вели дека карго-авионите со војска, оружје и опрема претежно слетуваат во доцните вечерни часови, а секојдневно во базата слетуваат и полетуваат хеликоптери. Познато е дека опремата што пристига во базата, со шлепери се испраќа на терористичката организација ПЈД/ПКК, во северниот дел на Сирија.
аселението од регионот вели дека карго-авионите со војска, оружје и опрема претежно слетуваат во доцните вечерни часови, а секојдневно во базата слетуваат и полетуваат хеликоптери. Познато е дека опремата што пристига во базата, со шлепери се испраќа на терористичката организација ПЈД/ПКК, во северниот дел на Сирија.
Селаните кои на почетокот не реагирале на распоредувањето на американските сили во подрачјето, упатуваат критики откако се поставени набљудувачки точки во околината, и откако безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво и им е одземено земјоделско земјиште без надоместок.
Поради проширувањето на воздухопловната база, секое семејство од селата Хирватан, Батал, Башур, Сирсура и Балјан загуби околу 40 до 50 декари обработливо земјиште. Селското население е загрижено од понатамошното зголемување на американската база и опасноста да го загубат своето обработливо земјиште, единствениот извор за егзистенција.
Локалното селско население кое потпаѓа под областа Шаклава, во 2016 година организираше протест поради одземањето на нивното земјиште и поради тоа што од безбедносни причини не се во можност да ја напасуваат својата стока во околината на военото подрачје.
- Дали САД го зголемуваат влијанието во подрачјето?
На 6 јули администрацијата на Вашингтон, на површина од 51 декар земјиште, со официјална церемонија го постави камен-темелникот на Генералниот конзулат со вкупна вредност од 795 милиони долари, кој треба да биде завршен до 2022 година.
Фелах Мустафа, одговорен од Канцеларијата за надворешни врски на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY), во обраќањето пред локалните медиуми во јануари 2017 година имаше објавено дека според капацитетот и просторот што ќе го зафаќа, САД ќе градат најголем конзулат во светот.
Покрај изградбата на зградата на конзулатот, САД со цел да ѝ испраќаат боева муниција на терористичката организација ПКК/ПЈД во северниот дел на Сирија, од 2015 година наваму активно ги користат Меѓународниот аеродром во Ербил и воената воздухопловна база „Харир“.
И покрај тоа што во голем процент е завршена борбата против ДЕАШ, со тоа што САД градат голем конзулат и активно ги користат воздухопловните бази логично се наметнува прашањето „Дали САД го зголемуваат влијанието во подрачјето?“.
- Воздухопловна база којашто е најблиску до границата со Иран
Воената воздухопловна база „Харир“ ја изгради соборениот ирачки претседател Садам Хусеин за период од 8 години, во време кога сѐ уште траеше војната меѓу Иран и Ирак.
Воената воздухопловна база „Харир“ се наоѓа најблиску до границата со Иран (115 километри). По наредба на Садам Хусеин, изградена е писта пократка од 2 километри, на која би можеле да слетуваат и полетуваат борбени млазни авиони. Засега, освен пистата, во околината на воената база не постои командна кула.
Откако IKBY прогласи самостојност, воздухопловната база премина под контрола на Курдската демократска партија, која е под раководство на Барзани.
САД, за време на окупацијата на Ирак на 23 март 2003 година, на воената воздухопловна база во Харир спушти 1.000 припадници на 173. Возухопловна десантска дивизија. Бидејќи пистата поседуваше инфраструктура која овозможуваше слетување и на карго-авиони, започнаа работи за зајакнување и продолжување на пистата.
Од сателитските снимки може да се забележи дека пистата од нејзините две страни е продолжена по околу 200 метри.