Bahattin Gönültaş
28 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ОСАКА (АА) - Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, ги повика лидерите на Г-20 да дадат силна порака за промовирање на глобалната слободна и фер трговија, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на првиот ден од Самитот на лидерите на Г-20 во Осака, на којшто домаќин е неговата земја, Абе рече дека е длабоко загрижен за моменталната глобална трговска средина.
Абе, истакнувајќи дека Јапонија е бранител на мултилатералниот трговски систем, рече: „Денес со лидерите сакам да преговарам за забрзување на реформите во Светската трговска организација (СТО)“.
На првата сесија на Самитот, оценувајќи ја „дигиталната економија“, Абе нагласи: „Дигитализацијата брзо го промени нашето општество и економијата во различни аспекти. Среќен сум што ја гледам тенденцијата за борба против дигиталната економија на глобално ниво. Додека се зголемува дигиталната трговија, треба да се осигура безбедноста на нашите 5G мрежи“.
Истакнувајќи дека комерцијалните и политичките тензии се закана за глобалниот економски раст и глобалната стабилност, Абе ги повика 19-те лидери на Г-20 да работат заедно за да ги отстранат тие закани.
Јапонскиот премиер, исто така, истакна дека „слободните и отворените“ економии се од клучно значење за глобалниот мир и просперитет и дека никој ќе нема корист од воведувањето на „тарифи за одмазда“.
Како земја која претседава со Групата 20, Јапонија подготви програма во која се нагласени следните теми: Економски раст, Квалитетна инфраструктура, Борба против корупција, Развој, Вработување, Дигитална економија, Здравство и Земјоделство. Во програмата на Г-20 за 2019 година се сместени и темите „Ефикасност на ресурсите“ и „Морски пластичен отпад“.
Планирано е на овогодишниот Самит фокусот да биде ставен и на борбата против климатските промени.
Самитот Г-20 е форум на владите и централните банки на 20-те водечки економии во светот, кои ја вклучуваат Европската Унија и 19 земји - Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.