Esat Fırat
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) – ЕСАТ ФИРАТ -
Единствениот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, во понеделникот почина во судница во Каиро, а веќе идниот ден во раните утрински часови е погребан. Египетските власти, кои на медиумите не им дозволија пристап до мезарот, го дозволија тоа само на израелската телевизија КАН (KAN), јавува Anadolu Agency (AA).
Морси во утринските часови на 18 јуни е погребан во близина на Каиро, а на неговото последно испраќање присуствуваа само семејството и адвокатите. Интересно е што на медиумите не им е дозволено да го снимат мезарот, освен на новинарот на израелската телевизија КАН, Роиј Каис.
Морси е погребан на гробиштата во квартот Наср, на североистокот на Каиро, на кој претходно се погребувани угледни личности и следбеници на Муслиманското братство. На споменатата локација преземени се високи безбедносни мерки и забранет им е пристап на медиумите, но новинар на израелскиот КАН имаше јавување за телевизијата на хебрејски јазик.
Каис никој не го спречил практично да се шета низ гробиштата, а потоа продолжи со снимање и на улиците на Каиро. Во своето јавување, го кажа следното:
„Големата драма, која настана со смртта на Морси во судницата во Каиро, кој потоа е погребан наутро под високи безбедносни мерки, не се чувствува на улиците на Египет. Како ништо да не се случило“.
Понатаму наведе дека смртта на Морси не зела значајно место во египетските медиуми и дека за него во медиумите се зборува како за сериозно лице. Каис, прелистувајќи ги весниците во еден од рестораните на Каиро, истакнува: „Воопшто нема ниту збор за смртта на Морси“.
Наведува, исто така, дека граѓаните на Египет не сакале да зборуваат за египетската телевизија. Тврди дека реакциите за смртта на Морси постојат само на социјалните мрежи, и дека со тој вид коментари управуваат активистите на Муслиманско братство.
Првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, почина во судницата на пучистите кои го соборија од власт, а ќе остане запаметен по храброста што ја покажуваше во текот на притворот и судењето.
Морси победи на првите демократски претседателски избори кои во Египет се одржаа на 17 јуни 2012 година. Почина во понеделникот во судницата во која му судеше пучистичката власт, која често не му даваше збор и го навредуваше. И покрај тоа, Морси во текот на целата постапка храбро ги бранеше своите ставови.
Судено му е за бројни обвиненија и изречени му се повеќе смртни и долгогодишни затворски казни, а некои од судењата сè уште беа во тек.