Sayed Khodaberdi Sadat
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад кој денес се случи во центарот на главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, за АА изјави дека самоубиецот го активирал експлозивот меѓу демонстрантите кои протестирале недалку од Претседателската палата.
„Според првичните информации, во нападот животот го загубија шест, а ранети се десет лица“, изјави Даниш.
Авганистанските сили презедоа зајакнати безбедносни мерки во Кабул, а досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.