Yusuf Hatip
31 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Според првичните податоци, 13 лица загинаа, а 40 се ранети во самоубиствениот напад врз шиити во градот Парачинар, во северозападниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од владини извори, 13 лица загинаа, а 40 се ранети во самоубиствениот напад чија цел беше шиитскиот храм наречен „имамбаргах“ во градот Парачинар, Долина Курам, во Административниот племенски регион (ФАТА).
Во меѓувреме, пакистанската армија соопшти дека испратила хеликоптер за ранетите да бидат пренесени во болниците.
Одговорност за нападот сѐ уште не презеде ниту една организација.