Ekipa
18 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
МОГАДИШУ (АА) - Неколку сомалиски војници загинаа, и неколкумина се ранети кога со автомобил бомба денес е извршен самоубиствен напад врз воена база во Централен Шабел, во јужниот дел на Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воениот официјален претставник за регионот го потврди нападот за АА, но не го прецизираше бројот на жртвите.
Локалните медиуми наведуваат дека најмалку тројца војници загинале, а неколкумина се ранети, меѓу кои и виш воен командант.
Воената база се наоѓа во близина на Бијо-Аде на периферијата на градот Махадаја, околу 100 километри северно од главниот град Могадишу.
Терористичката организација Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.
Нападот се случува неколку дена откако бомбаш самоубиец се разнесе пред воениот камп во главниот град Могадишу, усмртувајќи најмалку 25, а ранувајќи повеќе од 40 лица. Ал Шабаб ја презеде одговорноста и за тој напад.