Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
РИЈАД (АА) - Саудиските државни медиуми објавија дека судот во Саудиска Арабија денес осуди 15 лица на смртна казна поради шпионирање за Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Осудените се дел од 32-те лица – 30 Саудијци, и по еден Иранец и Авганистанец кои беа уапсени во 2013 година, под обвинение дека наводно шпионирале за Иран.
Осомничените се обвинети за формирање ќелии за соработка со иранската разузнавачка служба со цел до Техеран да пренесуваат тајни информации за Саудиска Арабија.
Засега не се објавени детали за судењето за останатите 17 лица. Пресудата за смртна казна за овие 15 лица и понатаму може да биде предмет на жалба.
Тензиите меѓу сунитска Саудиска Арабија и шиитски Иран се зголемија кога претходно оваа година, Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Причина за овој потег беше тоа што двете саудиски дипломатски мисии биле нападнати од страна на ирански демонстранти, по што саудиските власти погубија истакнат шиитски свештеник.
Ријад, исто така, го обвинува Техеран дека ја поддржува шиитската група на Хусите во Јемен, кои го зазедоа главниот град Сана и другите покраини во 2014 година и ја присилија јеменската Влада да побегне во Саудиска Арабија.