Mahmut Atanur
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Поројните дождови на индонезискиот остров Суматра предизвикаа свлечиште во кое животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Пурво Нугрохо, портпаролот на Националната агенција за катастрофи, изјави дека во селото Сукамаџу во северна Суматра, поројните дождови предизвикале свлечиште кое затрупало една куќа во која се наоѓале 7 лица.
Загинале сите 7 лица што се наоѓале во куќата, а спасувачките екипи се обидуваат под урнатините да ги извлечат телата на настраданите.
Владините претставници соопштуваат дека поради продолжувањето на поројните дождови, постои опасност од нови свлечишта и затоа, населението кое живее во ризичните подрачја е евакуирано на побезбедни места.
Индонезија, која се наоѓа во зоната на влијание на монсунските дождови и тропската клима, често се соочува со поплави и свлечишта поради поројните врнежи од дожд во текот на целата година.