Tevfik Durul
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - По лизгањето на земјиштето што се случи вчера во југозападната кинеска провинција Сечуан, спасувачките екипи под слоевите на почвата и урнатините извлекоа 15 безживотни тела, јавува Anadolu Agency (AA).
Според кинеската новинска агенција Синхуа, по големото лизгањето на земјиштето што се случи вчера во југозападниот дел на Кина беа пронајдени 15 безживотни тела. Спасувачките екипи продолжуваат да работат интензивно, со цел да пронајдат уште 118 исчезнати лица.
Кинеските власти, за спасување и за помош на погодените подрачја ангажираа повеќе од 3.000 луѓе.
Свлечиштето вчера затрупа 46 куќи и 141 мештани од тоа село. Лизгањето на земјиштето се случи откако во локалната река се срушија стени, поради што реката се излеа и го блокира патот во должина од 1,6 километри.
Официјалните лица изјавија дека при лизгањето на земјиштето дошло до поместување на три милиони кубни метри земја, што е еднакво на големината на илјада олимписки базени.