Adam Abu Bashal
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
АБУЏА
Во федералната држава Коги на западноафриканската земја Нигерија, од затвор избегале 228 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Џери Омодара, советник за безбедност и командант на поморските сили на државата Коги во Нигерија, за медиумите изјави дека во подрачејто на Котонкарфе поројните врнежи од дожд предизвикале поплави кои ги оштетиле ѕидовите од еден затвор во кој биле сместени околу 500 затвореници.
Омодара изјави дека 228 затвореници, повредувајќи некои од безбедносните сили, избегале од затворот, додека дел од нив биле фатени од локалното население и предадени на полицијата.
Тој соопшти дека во подрачјето се испратени безбедносни сили и дека во тек се операции за пронаоѓање и фаќање на избеганите затвореници.