İdiris Okuduci
29 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Пет војници го загубија својот живот при пад на воен авион во ирачката покраина Салахадин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Медиумската мрежа за безбедност при ирачката Влада.
Во соопштението се наведува дека воен хеликоптер од типот „Ми17“ се срушил во близина на подрачјето на Амирли во Салахадин.
Според соопштеното, во несреќата загинале 5 војници кои се наоѓале во хеликоптерот.
Сѐ уште не е дадена изјава во врска со причината за несреќата.