Aşkın Kıyağan
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
ВИЕНА (АА) - Поранешниот австриски канцелар и лидер на Австриската народна партија, Себастијан Курц, го потврди повлекувањето од политиката, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој оцени дека во последните 10 години бил влијателен во политиката на земјата.
Курц се заблагодари на сите кои го поддржувале во неговата десетгодишна политичка кариера, од генерален секретар до премиер.
Како што изјави, тој своите должности ги извршувал со ентузијазам и радост.
Курц изјави дека различни настани, а особено обвиненијата на негова сметка во последните месеци и недели, го обесхрабриле да се занимава со оваа работа.
Наведувајќи дека одлуката да ја напушти политиката не била лесна, Курц уште еднаш ги негира обвиненијата на своја сметка и го повтори уверувањето дека тие обвиненија ќе ги разјасни судот.
„Побарав состанок на Извршниот комитет на партијата в понеделник. Ќе ја предадам својата функција претседател. Функцијата претседател на партискиот совет ќе му ја предадам на претходниот претседател Аугуст Вогингер“, рече Курц.
Изјавувајќи дека денеска започнала нова ера во неговиот живот, Курц додаде дека е среќен што поминува повеќе време со сопругата и детето.
Обвинителството започна истрага против Курц и неговите блиски соработници поради сомневање за корупција и злоупотреба на службената положба. Процесот доведе до криза на власта.
Курц беше присилен да поднесе оставка од функцијата премиер на 9 октомври.