Ekip
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти уапсија девет лица поврзани со смртоносна несреќа на градилиште во источниот дел на Кина, каде што загинаа 74 луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи на крајот од минатата недела, кога во јужниот дел на кинеските област Јиангси пропадна платформата на градилиштето на електричната централа.
Според кинеската државна новинска агенција Синхуа уапсен е и претседателот на инжинерската компанија Хебеи Јиненг и главниот инженер на проектот за изградба.
Сите уапсени имаат кривични пријави.
Загинатите работници се на возраст меѓу 23 и 53 години.
Секоја година во Кина гинат десетици луѓе на работните места што го покренува прашањето со прописите за безбедност.
Во јули оваа година, осум лица загинаа откако лифт во зградата се урна од 18 кат во зграда во источната провинција Шандонг.