Emel Öz
26 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун истакна дека ќе ги развива нуклеарните сили на земјата со максимална брзина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на севернокорејската централна новинска агенција (KCNA), Ким ја следел воената парада одржана во центарот на главниот град Пјонгјанг како дел од прославата на 90-годишнината од формирањето на Севернокорејската армија.
Во својот говор на церемонијата, на која беа изложени интерконтиненталните балистички ракети, Ким рече дека Северна Кореја ќе ги развие своите нуклеарни сили со максимална брзина.
Нагласувајќи дека главната мисија на нуклеарните сили е одвраќањето, Ким додаде: „Меѓутоа, ако се појави непожелна ситуација на нашата територија, нашите нуклеарни сили не можат да се ограничат на една мисија. Ако некоја сила се обиде да се меша во нашите основни интереси, нашите нуклеарните сили нема да имаат друг избор освен да ја исполнат својата втора должност.“
Во веста исто така се нагласува дека на парадата била изложена и најголемата позната севернокорејска интерконтинентална балистичка ракета „Хвасонг-17“.
Новинската агенција „Јонхап“ претходно соопшти дека парадата би можела да вклучи околу 20.000 војници и над 250 парчиња воена опрема.