Cüneyt Karadağ
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Германија ќе ѝ достави на Украина оклопни противвоздушни тенкови од типот „Гепард“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германските медиуми соопштија дека Владата на производителот на оружје „Краус-Мафеи Вегман“ ќе му дозволи да ги продава технички обновените противвоздушни тенкови „Гепард“ кои се наоѓаат во залихите на Армијата.
Се наведува дека противвоздушните тенкови можат да обезбедат и одбрана од копнени елементи.
Министерката за одбрана, Кристин Ламбрехт, прашањето за испораката на оружје ќе го елаборира на состанокот на министрите за одбрана што ќе се одржи во американската воздухопловна база „Рамштајн“.