Şeyma Uzundere
01 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
СЕУЛ (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким ЏонгУн изјави дека земјата е соочена со економски потешкотии предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и дека ќе вложи напори за додатно унапредување на билатералните односи со Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авторитарниот севернокорејски лидер Ким му честиташе на кинескиот претседател Си Ѓипинг по повод 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина.
Севернокорејската новинска агенција (KCNA) јавува дека Ким преку видеопорака изјавил дека сака понатаму да ги подобрува односите со Кина на сите полиња.
„Силните врски меѓу Работничката партија на Кореја и Комунистичката партија на Кина ќе бидат подигнати на ново стратешко ниво што е соодветно на корејско-кинеското пријателство во желбите на нашите народи“, рече Ким.
Кинеското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека земјата наскоро може да испрати помош до Северна Кореја и дека е стара традиција двете земји да си помагаат едни на други во неволја.