Şerife Çetin
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
АНКАРА (АА) – Јапонија, држава со 127,7 милиони жители е 10. најнаселена земја на светот, и има 2,4 милиони странски државјани. Според анкетата што ја спроведе Министерството за правда на Јапонија, околу 30 отсто од странските државјани во оваа земја се изложени на расизам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според јапонската новинска агенција Џиџи, јапонското министерство спровело анкета за да добие информации за искуствата на странците во оваа земја.
Бројот на странските државјани во Јапонија во 2016 година се зголеми за седум отсто, а моментално во оваа земја живеат 2,4 милиони странски државјани.
Во анкетата на министерството се вклучени 18.500 лица, а поставено им е прашањето дали во оваа земја се соочиле со расизам. Резултатите покажаа дека околу 30 отсто од испитаниците дале потврден одговор, поради фактот што биле изложени на навреди и расистички изрази.
Испитаниците навеле дека биле изложени на расизам претежно од страна на непознати лица, но некои навеле дека тоа се случувало и на работните места, од страна на шефовите и од вработените колеги.
Четвртина од странците истакнаа дека имаат проблеми при наоѓањето работа, а петтина од нив тврдат дека примаат пониски плати во однос на јапонските колеги.
Откако е објавена анкетата, министерот за правда на Јапонија, Кацутоши Канеда, изјави дека во оваа земја воопшто нема да го толерира расизмот кон странските државјани.