Hakan Çopur
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Во американскиот Сенат, демократскиот сенатор Боб Менендез побара во Генералното собрание да се изгласа резолуција со која се предвидува да се добие официјално признавање на таканаречениот „ерменски геноцид“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како одговор на тоа барање, републиканскиот сенатор Линдзи Грахам истакна дека е против гласањето и го блокираше.
-„Сенаторите не треба повторно да ја пишуваат историјата“
Грахам во неговата изјава рече: „Пред некое време, поради воената операција на Турција, се сретнав со претседателот Ердоган и со претседателот Трамп. Се надевам дека Турција и Ерменија можат да се сретнат и да разговараат за ова прашање (за настаните од 1915 година). Сенаторите не треба повторно да ја пишуваат историјата и не треба тоа да го прикажуваат поинаку.“
Грахам, исто така, рече дека одлуката не ја донел гледајќи во минатото, туку гледајќи во иднината на турско-американските односи.
Одлуката на Грахам доаѓа неколку часа по состанокот на претседателот Ердоган и некои републикански сенатори во Белата куќа.
Во американскиот Сенат, секој сенатор може да го блокира гласањето со тоа што ќе истакне спротивно мислење.
На 29 октомври, Претставничкиот дом на САД ја усвои нацрт-резолуцијата со која ерменските настани од 1915 година се признаваат како „геноцид“.
Предлог-резолуцијата до Претставничкиот дом ја поднесе Адам Шиф во април. Предлог-резолуцијата беше усвоена со 405 гласа „за“ и 11 гласа „против“.
Турција рече дека одлуката не ја признава и нагласи дека таквиот чекор е неприфатлив.