Ali Murat Alhas
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - „Турските безбедносни сили неутрализираа осум терористи на ПКК во северен Ирак“, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АA).
„Со координирана работа на Турските вооружени сили и Националната разузнавачка организација, осум терористи на ПКК се неутрализирани во операцијата поддржана од воздух во регионот Метина во северен Ирак“, се вели во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.