Hamdi Yıldız
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
БАГДАД (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а седум се ранети во низата експлозии што одекнаа во неколку квартови во Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на полицијата, Хатим ал Џабири, за АА изјави дека воениот контролен пункт во местото Абу Граиб бил мета на бомбашки напад во кој синоќа е убиен најмалку еден, а ранети се двајца војници.
Друга силна експлозија одекна во јужниот багдадски кварт Абу Дишеир, во која животот го загубија двајца, а ранети се уште двајца цивили.
Едно лице загина и едно е рането во експлозијата што синоќа одекна во северниот кварт Џукук.
Паралелно со тоа, мета на бомбашкиот напад беше и возило на јавниот превоз во северниот дел на Багдад, а во тој напад потешко се ранети двајца цивили.
Џабири за синоќешните напади во Багдад ја обвини терористичката организација ДЕАШ. Тој додаде дека со таквите напади ДЕАШ се обидува да преживее во Ирак по големиот пораз кој минатата година му го наметнаа ирачките безбедносни сили.