Servet Günerigök
10 Март 2023•Ажурирај: 12 Март 2023
ПЕКИНГ (АА) - Си Џинпинг го освои третиот мандат за претседател на Кина, откако денес повторно беше избран на 14-тиот Национален народен конгрес, јавува Анадолу.
Си беше единствениот кандидат и беше едногласно избран на Генерално собрание на Конгресот што се одржа во главниот град Пекинг.
Хан Женг е избран за потпретседател на Кина, додека Жао Леџи е избран за претседател на Постојаниот комитет на кинескиот Национален народен конгрес.

Претходно Си Џинпинг беше избран за претседател на Кина во 2013 и 2018 година и по двата мандата и 10 години на функцијата, тој повторно е избран на нов петгодишен мандат, со што стана првиот лидер во историјата на Народна Република Кина кој по трет пат е избран за претседател на земјата.
Си ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Централната воена комисија.
Кинеските пратеници во 2018 година усвоија уставен амандман со кој се укина ограничувањето на два мандата на претседателската функција, дозволувајќи му на Си да владее на неодредено време.