Halit Süleyman,Erdal Türkoğlu
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АЛЕПО (AA) - Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад денес, во областа Сукери, во Алепо, извршија воздушен напад со разорни барел бомби со хлор, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори на АА јавуваат дека денес, хеликоптер на сириската војска исфрлил хлорни бомби на населеното место Сукери, кое е под контрола на силите на сириската опозиција.
Најмалку 100 лица се префрлени во болница поради труење со хлор.Претставникот на локалната Цивилна заштита Наџиб Ансари за АА изјави дека бомбата паднала на населбата и дека меѓу отруените се наоѓаат голем број жени и деца.
Лекарите во болницата потврдија дека донесените ранети имале симптоми на труење со хлор и дека меѓу нив се наоѓаат најмалку две животно загрозени лица. Голем број хоспитализирани имале симптоми на труење како што се проблеми со видот, повраќање, вртоглавица и отежнато дишење.