Levent Tok
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АЗЕЗ (АА) - На северот од сириската покраина Алепо, продолжува операцијата "Штитот на Еуфрат" во која напредува умерената сириска опозиција, поддржана од турските вооружени сили, при што ослободен е простор од 680 километри квадратни. Продлабочувањето на операција ги потиснува терористичките органзиации ДАЕШ и ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата "Штитот на Еуфрат" на Заедничките специјални единици на турските вооружени сили и коалициските воздушни сили, која започна на 24 август против терористичките закани северно од градот Алепо, навлезе во 14-тиот ден.
Умерената сириска опозиција со поддршка на турските вооружени сили продолжува да го расчистува просторот околу границата со Турција на линијата Азез - Џарабулус кој е под контрола на ДАЕШ и синоќа успеа да обезбеди физичко поврзување на овие две области.
Со тоа, не останаа допирни места на терористичката организација ДАЕШ со турската граница.
Во двонеделните операции на Умерената сириска опозиција, поддржана од турските вооружени сили, од терористичките организации ДАЕШ и ПЈД-ПКК ослободената област достигна 680 километри квадратни.
Вчера, умерената опозиција во подрачјето на Азез - Џарабулус ослободи седум села, при што на линијата Џарабулус - Саџу Чаји навлезе во длабочина од 24 километри, и на различен начин се отвораат кон исток.
Умерената сириска опозиција на подрачјето на Кадикој, каде што се соединува линијата Азез - Џарабулус, напредуваше 14 километри кон југ.
Операцијата по оваа фаза, со повлекувањето на ДАЕШ, ќе постави голема барикада пред линијата на Азез - Џарабулус.
Излезот на ПЈД/ПКК од Мунбич кон запад, или напредување од градот Африн кон Мунбич ќе го спречува умерената опозиција.
Северозападно од Алепо, во градот Африн, кој е на границата со Турција, од почетокот на граѓанската војна во Сирија свои активности има ПЈД/ПКК. Од тука излегоа на линијата на Азез - Џарабулус, од каде ги нападнаа силите на опозицијата за да се соединат со силите кои доаѓаат од страна на реката Еуфрат. Организацијата во февруари ги зазеде градовите Тел Рифат и Шејх Иса, со што на линијата Азез - Џарабулус оствари контакт преку Африн.
Од друга страна, дописникот на АА од локални извори дознава дека со цел да се заштити покраината Рака, која е центарот на ДАЕШ, од градот Баб и од останатите северни подрачја, кон Рака пристигнуваат милитанти, оружје и муниција.