Şenhan Bolelli
04 Април 2025•Ажурирај: 06 Април 2025
МАДРИД (АА) - Невремето што го зафати градот Севиља во регионот Андалузија, на југот на Шпанија, предизвика уривање на таван на магацин. Во несреќата загинаа 3 лица, известува Анадолу.
Бурата наречена „Нурија“, која зафати поголем дел од Шпанија, негативно влијание врз животот.
Здравствениот оддел на автономната Влада на Андалузија објави дека покривот и страничниот ѕид на земјоделски магацин во индустриската зона Кортија ел Сегуро во Севиља се урнале од силниот ветер.
Од уривањето на магацинот загинале тројца работници, а надлежните лица информираа дека е оштетена и високонапонската кула во регионот, поради што се зголемени безбедносните мерки.
Од друга страна, Националниот метеоролошки институт (АЕМЕТ) ја сподели информацијата дека брзината на ветрот достигнала 150 километри на час, особено поради ефектот на бурата во Андалузија, Канарските Острови и источните региони на земјата.