Ekip
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
СЕУЛ (АА) - Наследникот на сопственоста над корпорацијата „Samsung Electronics“, Ли Џе-јонг осуден е на 5 години затвор откако судот во Сеул го прогласи за виновен за проневера, мито, криење имот во странство и за фалсификување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во аферата што јужнокорејските медиуми ја нарекоа „судење на столетието“, пресудата над Ли би можела да има решавачко влијание и врз исходот на обвинението против поранешната претседателка Парк Геун-хје. Парк, меѓу другото, е обвинета и за уценување за изнуда на донации од челниците на коорпорации, како што е Ли.
Според пресудата на судот во Сеул, Ли (49) бил вмешан во исплатата за поткуп од страна на „Samsung“, во висина од 6,38 милиони долари, на семејството на комесар близок со поранешната претседателка.
„Мотивот наводно бил обезбедување поддршка од страна на Владата во 2015 година, за спас на компанијата „Samsung“, иако Ли упорно ги одбива обвинувањата и се очекува тој да упати жалба до повисокиот суд“, се вели во вестите на локалната новинска агенција „Yonhap“ (Јонхап).
Пет години затвор е најголемата казна изречена на некој јужнокорејски официјален претставник или челник на коорпорација што ја води некое семејство, иако тоа е значително помалку од 12 години, колку што бараше обвинителството.
Таткото на Ли, челникот на „Samsung“, Ли Кун-хи, во 2009 година доби условна казна поради даночно затајување.
Ли постариот беше хоспитализиран по срцевиот удар во 2014 година, а водењето на коорпорацијата му го препушти на синот, кој во корпорацијата Samsung“, ја извршува функцијата на потпретседател.