Ekip
10 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
СЕУЛ (АА) - Компанијата Самсунг Електроникс денеска ги предупреди своите клиенти во Јужна Кореја да престанат да ги користат новите телефони Galaxy Note 7, кои ги повлекуваат од пазарот откако неколку вакви уреди се запалија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението Самсунг ги повикува своите клиенти да ги посетат контролните пунктови на компаниите и да ги заменат своите телефони.
„Уште еднаш изразуваме длабоко жалење и им се извинуваме на потрошувачите", се вели во соопштението.
Во четвртокот, Федералната американска авиација предупреди патниците да не ги вклучуваат нивните уреди Galaxy 7S за време на летовите.
Самсунг планира да повлече 2,5 милиони уреди Galaxy Note 7 откако беше утврдено дека доаѓа до пожар откако батеријата ќе прегори.
Досега компанијата има примено 35 такви случаи. Сите уреди се запалени за време на полнење на батеријата.