Mohamad Misto,Ömer Koparan
30 Март 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ХАСЕКA (АА) - Избувна бунт во затворот во кој се притворени припадници на ДЕАШ во северната сириска покраина Хасека, која е окупирана од терористичката ЈПГ/ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација, со поддршка на хеликоптерите на коалицијата предводена од САД, го задуши бунтот, а за време на акцијата многумина од затворениците на ДЕАШ се повредени.
Според информациите добиени од локални извори, затворениците од ДЕАШ синоќа дигнале бунт поради лошите услови во затворот во Хасека, под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во затворот што има 4.500 припадници на ДЕАШ од 54 земји во светот.
Се дознава дека терористичката ЈПГ/ПКК користела оружје за да го потисне бунтот. Исто така, забележано е дека во затворот пристигнале и амбулантни возила.