Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ИДЛИБ (АА) - Според првичните информации, во напад на руски авиони на училиште и пазар во Идлиб, на северозападниот дел од Сирија, загинале најмалку 18 лица, а ранети се 21, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице на цивилната заштита, Омер Улван, изјави дека се бомбардирани училиште и пазар во Хас, на јужниот дел од Идлиб.
Улван додаде дека руските авиони извршиле 12 воздушни напади и дека меѓу загинатите има жени и деца.
Тој истакна дека екипите на цивилната заштита и понатаму се обидуваат да ги извлечат заробените под урнатините.