Halit Süleyman
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку пет цивили загинаа а единаесет се ранети во денешните воздушни напади на руски авиони во сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица од Цивилната заштита во Алепо за АА потврдија дека руските воздушни сили денес извеле напад во населеното место Келесе, во покраината Алепо кој е под контрола на силите на умерената опозиција.
Мета на нападите биле населените места во кои загинаа најмалку пет, а ранети се 11 лица.
Врз објектите и инфраструктурата причинета е огромна материјална штета, а неколку згради потполно се уништени.
Спасувачките екипи составени од локални активисти ги пребаруваат рушевините со страв од уште настрадани лица.
Руското министерство за одбрана на 30-ти септември минатата година соопшти дека во Сирија започнува воздушни интервенции со цел напади врз упориштата на терористичката организација ДАЕШ.
Секојдневна мета на руските авиони се и населените места и упориштата на умерената опозиција која се бори против рускиот сојузник, режимот на претседателот Башар ал-Асад.