Mohamad Misto,Selen Temizer
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЈАРМУК/АНКАРА (АА) - Како резултат на договорот постигнат помеѓу режимот на Башар ал Асад и терористичката организација ДЕАШ, оваа организација излезе од кампот „Јармук“ кој се наоѓа во јужниот дел на сирискиот главен град Дамаск, кој веќе е ставен под целосна контрола на режимот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА од локални извори во кампот „Јармук“, припадниците на ДЕАШ го испразнија кампот „Јармук“ во рамките на договорот што го постигнаа со Асадовиот режим.
Потсетуваме, во пладневите часови првиот конвој со терористите на ДЕАШ и цивилите кои не сакаат да живеат под контрола на режимот, излезе од кампот.
Припадниците на ДЕАШ со автобуси беа евакуирани во Бадија, каде што се наоѓаа и други припадници на ДЕАШ, додека цивилите тргнаа кон Идлиб.
Се евакуирање на преостанатите припадници на ДЕАШ, кампот „Јармук“ е ставен под целосна контрола на режимот.
Се дознава дека околу 200-300 цивили одбиле да ги напуштат своите домови, поради тоа што немаат каде да одат.
Со преземањето на контролата во „Јармук“, Асадовиот режим по седумгодишната граѓанска војна за прв пат целосно ги стави под своја контрола Дамаск и руралното подрачје на овој град.
Кампот „Јармук“ е населено место со површина од 16 километри, кое се наоѓа 8 километри јужно од Дамаск, во кој претежно живеат палестински бегалци.
Пред режимот да го стави под своја контрола, западниот дел на ова место беше под контрола на ДЕАШ, додека источниот дел под контрола на Слободната сириска војска (ССВ).
Од друга страна, место со површина од еден километар во северниот дел на овој камп беше под контрола на Хејет Тахрир Шам, една од противрежимските вооружени групи.
Како резултат на договорот постигнат кон крајот на април со режимот, ССВ и Хејет Тахрир Шам беа евакуирани од овој регион.
Режимот и и ДЕАШ вчера постигнаа договор.