Ekip
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЈОГЈАКАРТА (AA) - Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи, исфрли пепел и чад во најновата од неколкуте ерупции што се случија за помалку од две недели, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вулканот Мерапи на островот Јава еруптираше двапати исфрлајќи вулкански материјал до 1200 метри во воздухот, што доведе до појава на пепел во неколку села“, изјави портпаролот на Агенцијата за ублажување на катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.
Тој посочи дека нивото на предупредување не е зголемено и оти не се очекуваат нови ерупции во блиска иднина. Како резултат на ерупцијата од Мерапи, на 11 мај жителите од местата во близина се засолнија во побезбедни области.
Мерапи се наоѓа на планината меѓу Јогјакарта и средишна Јава на висина од 2.968 метри и е најактивен од околу 500 вулкани во Индонезија. Неговата последна голема ерупција во 2010 година ги одзеде животите на 347 лица и предизвика евакуација на 20.000 локални жители.
Индонезија е архипелаг со 240 милиони жители кој е склон кон потреси и вулканско дејствување, бидејќи е сместен по должината на Тихиот Океан.